Верувања
БИБЛИЈАТА
Библијата – Светото Писмо: Стариот и Новиот Завет, вкупно 66 книги, е единствениот пишан Божји Збор даден на луѓето. Библијата ја напишале луѓе водени и инспирирани од Светиот Дух, така што таа во оригиналот е апсолутно непогрешлива Божја Објава.
БОГ
Бог е Троедин: Татко, Син и Свет Дух. На секој од нив им припаѓа подеднаква чест, слава и почит. Бог е совршен во сите свои атрибути: бесконечен, самопостоечки, милостив, праведен, љубов, непроменлив. Тој е Создател на видливиот и невидливиот свет. Тој е Седржител, Суврен над се и се прави според советот на Својата волја.
ИСУС ХРИСТОС
Господ Исус Христос е второто лице на Светото Тројство. Тој е вечниот Збор – Логос, Единородниот Син, наш Бог и Спасител. Тој е испратен од Таткото, слезе од небото, зема врз себе човечка природа преку чудесното отелотворување, зачнат од Светиот Дух, роден од девица, стана човек како нас во се, освен во гревот. Тој е совршен Бог и совршен човек – Богочовек.
Беше распнат на крст, умре на крстот да ја задоволи Божјата праведност со Својата застапничка смрт, ги понесе врз Себе гревовите на целиот свет. Преку пролевањето на Неговата света крв стана Божја правда за нас. Беше погребан и воскресна во тело на третиот ден. Беше вознесен на небото, каде седи од десната страна на Таткото како вечен Првосвештеник Кој се застапува за својот народ. Тој повторно ќе дојде во слава, како што вети, и ќе им суди на живите и мртвите, од сите народи и нации.
СВЕТИОТ ДУХ
Светиот Дух е третата личност на Троединиот Бог, еднаков по сила, светост и мудрост со Бог Таткото и Бог Синот. Неговата служба е да го увери светот за гревот и да го нановороди секој кој ќе поверува во Господ Исус Христос. Се вселува во секој кој е новороден и го запечатува за денот на избавувањето. Светиот Дух дава сила, исполнува, води, охрабрува, учи и ги посветува сите оние кои преку Христос станале Божји деца.
ЧОВЕКОТ
Човекот е Божјо создание кое поседува дух, душа и тело. Поради својата лична непослушност во Адам, падна во првобитниот грев и стана одвоен од Бог. Секој човек е достоен и вреден за христијанска почит и љубов бидејќи е Божјо создание за кое Христос умре и воскресна.
СПАСЕНИЕТО
Спасението е по благодат, преку вера. Спасението е бесплатен Божји дар. Тоа се прима со вера во Господ Исус Христос заради чија жртва добиваме сигурност дека ни е простен секој грев и дека со Него ќе живееме вечно. Спасението се однесува на целото човечко битие.
ДОБРИТЕ ДЕЛА
Добри дела се само оние што Бог ги заповедал и одредил во Библијата. Добрите дела сами по себе не можат да го спасат човекот, туку се резултат на спасението.
ЦРКВАТА
Црквата е составена од сите оние кои вистински и искрено веруваат во Господ Исус Христос како Спасител. Таа е телото и невестата Христова.
СВЕТОСТА
Да се живее свето значи да се живее согласно Божјата волја, односно одвоено од гревот. Христијаните се повикани да живеат во светост, клонејќи се од злото, но и прилепувајќи се кон доброто. Светоста е надворешен израз на спасносното дело кое се случило длабоко во нивните срца, и на присуството на Божјиот Свет Дух во нивните животи.
МИСИЈАТА
Врховната мисија на Божјите луѓе е да го проповедаат Словото на секое создание, со цел што поголем број на луѓе да ја слушнат Радосната вест за спасението и преку вера да го наследат вечниот живот во Христос.
САТАНАТА
Сатаната и неговите ангели се реални се реални. Пеколот е реално место подготвено за ѓаволот – сатаната и неговите демонски ангели како и за сите луѓе кои не се измириле со Господ Бог преку откупителната жртва на Господ Исус Христос.
Зошто е важно дигиталното присуство?
-
1 / Глобална достапност
Дигиталните платформи овозможуваат нашите програми да се достапни 24/7, без разлика на географската локација. Било да сте во Македонија, Европа, или на некој друг контитент, Божјиот Збор може да стигне до вас.
-
2 / Поврзаност
Нашето присутво на социјалните мрежи создава динамична заедница на верници кои можат да комуницираат, да ги споделуваат своите мисли и искуства, да се поддржуваат и охрабруваат едни со други. Сето ова ја зајакнува нашата заедничка вера и ни дава чувство на припадност!
-
3 / Интеракција
Дигиталните мрежи нудат можност за интеракција која традиционалните медиуми не можат да ја понудат. Преку коментари, лајкови и споделувања, слушателите можат директно да учествуваат во ширењето на Божјиот Збор, да комуницираат со нас, како и едни со други, а и да се поврзат со содржината на нашите програми.
-
4 / Флексибилност според потребите на слушателите
Нашите слушатели можат да ги пронајдат и слушаат нашите емисии во оној дел од денот кога најмногу им одговара – било да е тоа наутро додека патуваат на работа, во текот на денот или навечер пред спиење. Дигиталните платформи нудат флексибилност согласно различните потреби на секој слушател.
-
5 / Ширење на Радосната Вест - Евангелието
Преку различните дигитални платформи имате прилика да ја ширите Радосната Вест – Евангелието. Со само еден клик, со своите пријатели и семејство можете да ја споделите инспиративната и животодавната порака на Евангелието. Правејќи го тоа, вие ќе бидете дел од нашиот тим, чија визија и сон е да се сподели Божјиот Збор и Божјата љубов.
-
6 / Мисија преку дигиталните платформи
Исус им рече на Своите ученици: „Одете по целиот свет и проповедајте во Евангелието на секое создание“ (Евангелие според Марко 16:15). Во денешниот свет, дигиталните платформи се дел од нашето мисиско поле, бидејќи таму можеме да ја споделиме Радосната Вест за спасението со голем број на луѓе.
