Духовна
Ризница

Добредојдовте на „Духовна ризница“, место кое е посветено на споделување на вечната мудрост од Библијата и на христијанските вредности.

За нас

Добредојдовте на „Духовна ризница“, место кое е посветено на споделување на вечната мудрост од Библијата и на христијанските вредности.

Ние веруваме дека Библијата не е само историски документ, туку жив Збор, кој ни е даден за да го читаме, разбереме, и преку кој Бог ни помага да се менуваме. Токму затоа, се потрудивме на оваа веб страна да ви понудиме библиски поуки со различни, но практични тематики, кои ќе ви помогнат да го продлабочите вашето познавање на Библијата и да се поврзете со Бога.

Нашата мисија

Нашата мисија е да им помогнеме на христијаните во Македонија да ја продлабочат својата вера и храбро да ја живеат истата во секојдневието. Затоа сме посветени на градење заедница која има за цел да поттикне духовен раст и споделување на Божјата љубов со луѓето околу нас.

Нашата визија

Ние би сакале да ја видиме Македонија како земја во која христијанската вера ревносно се практикува, место каде луѓето ги прифаќаат и применуваат библиските вредности во секоја сфера од животот, и поднебје каде Христовата љубов менува животи. Веруваме дека на христијаните во Македонија им се потребни библиски и релевантни поуки кои ќе им помогнат да ја разберат и живеат својата вера на начин кој ќе биде за слава на Бога, и за доброто на нивните ближни.

Зошто е важно дигиталното присуство?

Во денешната дигитална доба, кога технологијата ги обликува начините на кои се поврзуваме, Духовна ризница се движи во чекор со времето. Нашите аудио и видео програми се достапни на сите дигитални платформи, и со тоа се овозможува Божјиот Збор да стигне до секој заинтересиран слушател.

„Бидејќи верата доаѓа од слушањето на Божјиот Збор.“

Контактирајте нѐ

Доколку имате прашања или предлози, слободно контактирајте нѐ – ќе ни биде задоволство да ги слушнеме вашите впечатоци и размислувања.

Испратете порака